Лесната пешадиска баталјонска група оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“ на „Блесок 26“


01-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес, во кампот за обука „Пепелиште“ по реализираните активности на националната теренска вежба „БЛЕСОК 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО, соопшти, Генералштабот на АРМ.


„На денешното официјално соопштување на оценката од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, на командантот на ЛПБГ му беше соопштено дека единицата ги исполнува сите предвидени стандарди и е оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“.

Сениор НАТО мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR) оцени дека: „Eвалуацијата на Лесната пешадиска баталјонска група беше спроведена на многу професионален и компетентен начин. Сите членови од оценувачкиот тим беа целосно запознаени со методите и процедурите за евалуација, во согласност со соодветната документација на НАТО. Оценувачите, под постојано и високо ефикасно водство од директорот на оценувачкиот тим, ја искористија секоја можност да ги следат подготовките и дејствијата на единицата на терен и да ги евидентираат своите забелешки со прецизност и објективност.“

Во рамки на настанот, директорот на оценувачкиот тим, потполковник Горан Кимов истакна дека е чест и гордост што ЛПБГ го заврши оценувањето со највисоки резултати. „Припадниците на единицата покажаа одлични резултати и ги потврдија сите критериуми и стандарди на оценување“, наведе потполковникот Кимов.

На соопштувањето на оценката присуствуваше и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, кој се заблагодари на сите учесници на вежбата, како и на НАТО мониторите за покажаниот професионализам при извршување на задачите во рамките на вежбата.

Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK