Ограбена држава- Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ. Со години фирмите на Дрин и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети вртеле милиони со помош на државни органи, дали заради концесии кои ги имаат добиено од државата или пак од тендери, секогаш клучен фактор била политичката моќ на ДУИ и СДС. Во наредниве денови ќе презентираме низа случаи под серијалот „Ограбена држава”, кои ќе покажат како Македонија била оштетувана за милиони, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
„Денеска почнуваме со случајот на Дрин Ахмети и кривичната пријава која МВР ја поднесе против него, неговиот брат Бесијан и службеници во министерството за економија под капа на ДУИ. Истрагите на МВР како шти веќе соопштија од министерството резултирале со заклучок дека во период од 2016 до 2023 година, фирмата Еверест ЏД во сопственост на Ахмети, која е концесионер на каменолом требало да плати прецизен годишен надоместок за концесијата и такса за извлечените минерални суровини, според тарифата за дозволи и концесии. Иако потребно било да достави и геодетски елаборати со детални количества на извлечени минерални суровини и периодот во кој е извршена екстракција, наведено во член 64 од Законот за минерални суровини. Тоа не го направиле. И наместо тоа, платиле 1.671.894 денари помалку за концесиски надоместоци, со што е направена штета на Буџетот на Република Македонија“, истакна Лефков и додаде:
„Дрин Ахмети експлоатирал камен и правел производи од истиот, без да ја пријави вистинската количина во Министерството за економија и за истата да плати соодветна сума пари на сметка на Буџетот. Дрин Ахмети пријавил помалку експлоатирани минерални суровини отколку што навистина експлоатирал. Тој не само што го оштетил буџетот на државата преку не плаќање концесиски надоместок во реална висина, туку постои опасност дека така непријавените експлоатирани минерални суровини ги пуштил во промет без да ја еведентира нивната продажба и да плати данок.
Колкав е реалниот профит кој Ахмети го ставил во џеб и заради кој избегнал да плати надоместок кон државата? ЈО да не спие и да почне да постапува по кривичните пријави на МВР. ДУИ и СДС 7 години ја ограбуваа државата и ја земаа среќата на многу луѓе. Време е да има одговорност, за никогаш да не се повтори. Утре продолжуваме со нови детали околу милионите на Ахмети“, рече Лефков.