Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулира со народот

lefkov-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Имено ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, за сега од позиција на опозиција да наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на прес-конференција.



„ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДС ја промовираа Стратегијата. ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа Стратегија, и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека истото е препорака од Европската Унија. Имено укинувањето на балансерот е всушност препорака на Европската Комисија, која јасно укажува дека вработувањето врз основа на истиот, може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите. ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста“, рече Лефков.

Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK