Лефков: Бисера Антоанета со патниот налог доставила и сметки од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари, на лагата и се кратки нозете

Screenshot-2024-08-26-124332.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бисера Антоанета со патниот налог до сметкводство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, од истите може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња. Ова е сметката за купен куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Оваа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.



„Бисера Антоанета куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.

Одиме со следна сметка, од 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.

Само да нотираме дека Антоанета се правда со некакви изводи од плаќање од 25, т.е. ден претходно. Чии се сметките од 25-ти воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис.

Ова е сметката од Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.

Бисера Антоанета, на лагите и се кратки нозете“, додава Лефков. Народот, како што вели, може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното.

„Имај трпение Антоанета, ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси“, порачува Лефков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK