ЛДП: Пломбирање на Зоолошката градина додека не се реши градскиот хаос

zooloska3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градската организација на ЛДП бара итно пломбирање на Зоолошката градина Скопје и преземање одговорност од надлежните лица за случувањата во неа.


„Целосна истрага и транспарентност се неопходни за да се осигура дека ризици по здравјето на луѓето и животните нема повеќе да се повторат.

За хаосот кој владее треба да се има и чин на морална одговорност – оставка на градоначалничката на Скопје која законски има можност да ги поставува по сопствена одлука директорите на градските институции вклучително и на ЗОО која е подолго време оставена сама на себе.

Градската организација на ЛДП изразува длабока загриженост за вчерашната вест за птичји грип, како и за низа настани и скандали кои ја следат скопската Зоолошка градина. Здравјето на посетителите децата и вработените е сериозно загрозено поради сомнеж за појава на птичји грип, дојде до итна евакуација на истите, но не смее да се заборават и животните кои секојдневно полека умираат во тоа мачилиште.

Веќе неколку пати алармираме за проблемите со управување на Зоолошката градина, но инцидентите продолжуваат – од смртта на жирафите, тигрицата, слоницата, лавот до актуелниот ризик од зарази како птичји грип.

Одговорност мора да има“, стои во соопштението на ЛДП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK