Лавров слета во Скопје – руската агенција „ТАСС“ јавува дека стигнал преку Грција, а не преку Бугарија

Лавров-слета-во-Скопје-–-руската-агенција-„ТАСС-јавува-дека.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна доцна вечерва во Скопје, за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).


Руската новинска агенција „ТАСС“ јавува дека патувањето траело повеќе од пет часа, за на крајот, Лавров да пристигне преку Грција, а не преку Бугарија, како што се очекуваше.

„Авионот на Лавров прелета над Турција и Грција на пат кон Северна Македонија, иако претходно се очекуваше рута преку Бугарија. Како што дознава ТАСС, бугарската страна одбила да дозволи прелетување на авионот на шефот на руското Министерство за надворешни работи доколку во него била официјалната претставничка на руското дипломатско одделение Марија Захарова“, пишува ТАСС.

Во писмото од бугарското Министерство за надворешни работи, во кое увид имала агенцијата „ТАСС“, се наведува: „Дозволата не важи за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Засега нема официјално соопштение од бугарската страна за оваа информација.

Шефот на руската дипломатија пристигна во Скопје по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и шефовите на делегации на земјите членки на ОБСЕ, на која присуствуваше американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Како што претходно објави „Макфакс“, во Скопје не дојде до средба помеѓу Блинкен и Лавров бидејќи американскиот државен секретар веќе ја напушти државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK