Ласовска: Пратениците од СДС забораваат дека додека беа на власт намерно во буџетот не предвидуваа средства за плати за Македонски шуми, Пошти и Водостопанство

Благица-Ласовска-19.11.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска која што посочи дека договорните услуги предвидени во буџетот за 2025 година се однесуваат на возила за МВР, возила за АРМ и дека Владата се обврзува кон НАТО да купува современи оружја.


Ласовска се обрати до пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Нека ја праша новоназначената негова партиска другарка Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, дали ова што го говори таа ќе се согласи со тоа или нема да се согласи со тоа, понатаму во стоки и услуги и во возила се возила за брза помош, возила за комунална хигиена, возила за против пожарни услуги. Заборавивте да кажете дека кога бевте на власт намерно не сте предвиделе финансиски средства за плати во македонски шуми, во водостопанство и во пошти па мораше да се прави ребаланс на буџетот за овие луѓе кои што со месеци не земале плата да земаат плата“ рече Ласовска.

Ласовска потенцираше дека ќе се покачат платите во здравството, во образованието, во Министерството за внатрешни работи и дека сите колективни договори ќе се почитуваат.

„Решивте на прилично несмасен начин да дефокусирате нешто што е факт и најлегитимно избраниот премиер во државата денеска кажа дека ќе има покачување во здравството, во образованието и во сите останати сектори кој што вие не ги покачивте“, објасни Ласовска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK