­

Ламата во скопската Зоолошка пцовисала од туберколоза: „Направивме сѐ во лекувањето“


lama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ламата во скопската Зоолошка градина угинала од туберколоза.


Се огласија од ЗОО Скопје велејќи дека заедно со Факултетот за ветеринарна медицина ја лекувале и третирале и било направено се’ од медицински аспект и грижа.

„Обдукцијата и резултатите (со PCR метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза, во процес кој е постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина, а често и со години заболените единки не покажуваат никакви симптоми“, велат од ЗОО Скопје.

Се додава дека во соработка и советување со АХВ (Агенција за храна и ветерина), направени се туберкулински тестови на сите лами и секојдневно се следи нивната ситуација и се под медицински надзор.

Ламите се домашни животни од фамилијата камили, кои потекнуваат од Јужна Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK