Очаен е обидот за спинување на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно судот е крив што го ставил во куќен притвор Блерим Рамадани, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според неа, Тошковски и МВР се задолжени да го обезбедат куќниот притвор на притвореникот.
„Тошковски сноси директна одговорност за бегството на Рамадани и за тоа треба да има одговорност. Но прашањето кое треба да го одговорат не дали избегал туку дали го пуштиле? Дали ова е дел од договореното меѓу Мицкоски и Курти и барање на ВЛЕН? Дали Мицкоски уште еднаш мижи пред законите да му удоволи на албанскиот коалициски партнер?“, рече Кузеска.
Додаде дека Тошковски првин го бранел Африм Гаши во случајот со обезбедувањето на скопскиот аероддром, а сега пушта притвореници на слобода по нивно барање.