Кузеска: Со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството

Видео-Кузеска-Демократијата-повторно-живее-во-нашата-земја-не-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција. Додаде дека доколку се анализираат кадровските решенија што во првата фаза ги назначила Владата очигледно е дека Христијан Мицкоски посегнува по стари кадри.



– Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа, гледаме партизација пред квалификација, рече Кузеска, додавајќи дека нема нови кадри или некорумпирани професионалци.

Со назначувањето на в.д. директори, како што истакна, Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Посочи дека со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството, а на директоркото место во Управата за извршување санкции е назначен Александар Пандов, кој е дипломиран историчар и нема соодветно образование и искуство во областа.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак, како што рече Кузеска, е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014. Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво, истакна Кузеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK