Кузеска: Директорот на МЕПСО е прв братучед на Изет Меџити, згрижени се и синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен

mepso-2-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.


„Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО. Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи. Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата“, рече Кузеска.

Со тоа што првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи, е назначен за директор на МЕПСО, Кузеска вели дека има целосен непотизам и бара од институциите итно да реагираат.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грубата партизација со целосно некомпетентни кадри на значајни позиции. Јавноста уште не може да поверува дека на замечничко министерско место во МВР има човек со фискултурно образование а сега во енергетиката се поставуваат политиколози“, рече Кузеска.

Според неа, ова се најлошите кадровски решенија на било која Влада во минатото и од овие луѓе може да се очекува само да и служат на партијата, никако на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK