Кривичната за Бектеши е политички лов на вештерки, велат од ДУИ

received_627369322831192-800x533.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција реагира по кривичната пријава што МВР ја поднесе против ексминистерот за економија, Крешниик Бектеши.


Од тука велат дека го осудуваат политички мотивираниот лов на вештерки кој е насочен кон Бектеши, но и кон нивната партија.

„Неоснованите обвинувања за „попречување на правдата“ против него се последните во серија неосновани обвинувања и закани кои имаат за цел дискредитација на нашата партија и нејзините претставници. Во текот на минатиот месец се соочивме со бројни закани за животите на нашите пратеници и партиски функционери, покрај дневните лажни клевети. Овие дејствија се јасен обид на владата да го одвлече вниманието на јавноста од своите катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин, кој со право е огорчен од брзото влошување на неговата позиција од формирањето на оваа влада“, велат од ДУИ.

Како што се додава, ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализирала достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава.

ДУИ ја повикува меѓународната заедница, медиумите и граѓанското општество да ги следат одблизу овие настани и да ја држат владата одговорна за своите дејствија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK