„Криминалците од ДУИ ќе одговараат, затоа се нервозни, а згора на тоа знаат дека веќе не можат да прават што сакаат. Во ДУИ се на чисто дека ќе треба да се понесе кривична одговорност за се што правеле изминативе години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нервозата е уште поголема заради неможноста да прават што сакаат, а тоа ги открија во вчерашното соопштение каде зборувајќи за урбана мафија всушност кажаа дека жалат што членовите на нивните семејства нема да можат да хараат низ државата и да градат кај ќе стигнат.
Врвот на ДУИ е длабоко влезен во градежниот бизнис, нема градежна фирма во изминативе 7 години која градеше низ Скопје и државата, а која не е поврзана некако со ДУИ. Паниката е уште поголема затоа што нема повеќе да можат да градат и дивоградби на Шар Планина и на други места, каде дивееја без да се плашат од законите.
ДУИ знаат дека следува одговорност, но очигледно повеќе тагуваат за аздисаноста која неможат веќе да ја практикуваат.
И треба да се и нервозни и во паника, затоа што народот од цела држава без разлика на етничка припадност или религија се иселуваше заради нивните криминали. На насилието му доаѓа крај. Одговорност за ограбената држава ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.