Ковачки: Во која НАТО држава војска чува затвори, за преседанот да биде уште поголем на ова е согласен и Пендаровски

Ковачки-Во-која-НАТО-држава-војска-чува-затвори-за-преседанот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На неспособноста на власта предводена од СДСМ и ДУИ и нема крај.



Веќе пола година власта не може да се справи со сигурноста и обезбедувањето на затворите во Македонија, реагира Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, вели тој, повторно си изгласа продолжување на кризната состојба во најголемиот затвор Идризово и повторно наместо да вработи професионална затворска полиција, затворот ќе го обезбедува Армијата.

Според него, овој невиден преседан кој што не и наликува на една држава членка на НАТО.

„Власта првпат оваа одлука ја донесе на 7 јуни 2023 година, кога прогласи 30 дневна кризна состојба во затворот, за потоа на 26 јули со гласовите на пратениците од парламентарното мнозинство да го продолжи за 3 месеци и сега на 7 ноември повторно со владина одлука го продолжува за 30 дена.

Цели 6 месеци не успеаја да го решат овој проблем и исто како и кога првпат беше прогласена кризна состојба така и сега проблемите си стојат. Недостасуваат над 100 затворски полицијаци, нема заштитна ограда во должина од 5 километри, нема скенер за рачен багаж, а нема ни целосен видео надзор.

Ваква неспособност, ваков преседан и нарушување на имиџот на земја НАТО членка е досега невиден“, оценува Ковачки.

Во која НАТО држава, во која членка на ЕУ или цивилизирана држава војска чува затвори, прашува Ковачки. Ова, како што вели, е срам за една демократија.

„За преседанот да биде уште поголем на овие очајни одлуки е согласен и претседателот на државата Пендаровски.

Апелираме до власта да не се впушта во вакви опасни преседани, да престане со злоупотребата на Армијата на Република Македонија и да го решат проблемот со сигурноста и безбедноста на затворот. На оваа ситуација и треба трајно и квалитетно решение кое што во иднина ќе ја гарантира безбедноста на оваа институција во која што казна издржуваат сторителите на најтешки кривични дела, како тероризам или убиства.
Наместо да ја искористуваат Армијата треба да го решат проблемот со вработување на затворска полиција која што е обучена и професионално и одоговорно ќе си ја врши работата“, додава Ковачки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK