„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието донесе заклучок да се преземат сите неопходни мерки, да се поминат сите собраниски филтри со кои се предвидува оризот да се стави на листата на производи за создавање стокови резерви“, рече Драган Ковачки, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот.
Апелираме да се тргнат настрана партиските игри, претседателот на Собранието да свика седница веднаш, а пратениците од мнозинството да дадат поддршка на законските измени и да ги помогнеме оризопроизводителите токму на почетокот на активностите за сеидба на оризот“, изјави Драган Ковачки, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.