Ковачевски пред посетата на Фон дер Лајен: Досега ниту некому му се случила тортура, ниту бил извршен притисок

Ковачевски-пред-посетата-на-Фон-дер-Лајен-Досега-ниту-некому.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никогаш не зборувам во туѓо име, тоа веке сте го забележале, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето кога ќе се случи најавената посета на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен.


„Кога вчера ме прашавте дали ќе доаѓа претседателката, јас кажав дека има најава до крајот на месецот. Дури не кажав ниту датум, бидејќи тој што доаѓа секогаш треба, тој да ја потврди посетата, бидејќи така функционираат дипломатскоте посети меѓу државите“, кажа Ковачевски.

Дополни дека штом ќе биде финализирана посетата, тогаш таа ќе биде и најавена од страна на европската делегација.

„Ние премногу користиме термини на офанзиви и на притисоци. Се користеа, не знам некој од претседателите на опозицијата, кажа дека очекувал тортура некој да му прави. Гледате дека никому не му се случи тортура ниту му се правеше притисок, Северна Македонија нормално функционира, нормално се одвиваат демократските процеси и мислам дека така и ќе продолжи со тоа што ние треба да ги исполниме нашите обврски кои се однесуваат на преговарачката рамка и да продолжиме со европските интеграции и до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK