Ковачевски по посетата на Париз: Унапредувањето на заедничката соработка е клучно за просперитетот, стабилноста и безбедноста на Европа

Ковачевски-по-посетата-на-Париз-Унапредувањето-на-заедничката-соработка-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Димитар Ковачевски работната посета на Париз ја оцени како успешна, земајќи предвид дека со бројни лидери на држави и влади сподели видувања околу справувањето со предизвиците во глобален контекст.


„Драго ми е што во текот на мојата работна посета на Париз, имав можност да бидам првиот македонски премиер кој имаше официјална средба со директорката на УНЕСКО и притоа да се обратам на македонски јазик пред земјите членки, пред претставниците земји членки, на годишната конференција на УНЕСКО.

На состанокот со директорката имавме можност да разговаравме во однос на Охридскиот регион којшто го задржа статусот на природно и културно светско наследство и секако разговаравме за понатамошните чекори во однос на заштита и унапредување на овој светски значаен регион“, рече тој.

Денеска беше присутен на отворањето на 6-от Париски мировен форум, на којшто присуствуваа, покрај францускиот претседател, како домаќин, и претседатели и премиери на голем број држави, вклучително и претставници на меѓународни финансиски и други организации.

„Ова е одлична можност на којашто земјите и претставниците на меѓународните организации можат да разменат искуства во однос на предизвиците со коишто се соочува светот во моментов, а ги има многу. Светска банка веќе објави дека Северна Македонија го имаше најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, од 760 милиони евра. Разговаравме и во делот на зголемувањето на платите и пензиите, што кај нас се случија во континуитет во текот на изминатите години. За намалувањето на невработеноста од 26% на 14%, зголемувањето на вработеноста. За намалувањето на младинската невработеност. Секако и за унапредувањето на правата на ранливите категории на граѓани, унапредувањето на правата на Ромите. Разговаравме и во однос на обезбедување што подобра енергетска позиција и енергетска независност на Северна Македонија, при што ги истакнав нашите инвестиции коишто се направени во државата во текот на изминатите веќе 2 години, а коишто претставуваат најголемо инсталирање на обновливи извори на енергија од осамостојувањето на нашата држава.

Парискиот мировен форум претставува одлично место каде што можат да се разменат голем број искуства меѓу присутните земји и на којшто се разговара во однос на унапредувањето на заедничката соработка“, вели Ковачевски.

Со новиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД, О’Брајан, разговаравл за билатералната соработка меѓу нашата држава и САД.

„Секако дека разговаравме и за динамиката на најзначајните политички и економски теми во нашата држава и во регионот на Западен Балкан“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK