Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман

Ковачевски-Одредени-лица-нема-да-бидат-опфатени-со-законот-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку месеци го изработувало Министерството за правда и дека бил испратен до сите пратенички групи вклучително и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


„Јас имав свој став во однос на законот и пратеничката група на СДСМ веднаш ќе поднесе амандман кога ќе влезе во процедура законот, за да не постои можност да бидат вклучени одредени лица во дел на оваа амнестија. Постојат и други мислења од други политички партии. Сум разговарал со министерот за внатрешни работи, затоа што е дел исто како што е ВМРО-ДПМНЕ дел од носењето на исти ваков закон во 2018 година, кога сите го поддржаа. Дури овој закон е порестриктивен од оној во 2018 година. Зависно од работата која ја извршуваат, дел од нив имаат емпириски податоци какви ефекти има. Министерот Лога има став во однос на сместувачките капацитети. Бројот на места во затворите изнесува околу 2113 и во моментов има 2113 во затворите. На издржување на казна чекаат уште 2200. Во моментов се потребни 4000 места за сите“, рече премиерот Ковачевски.

Министерството за правда, како што нагласи премиерот Ковачевски, го подготви и предложи законот со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово, доминантно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK