Граѓаните заслужуваат да живеат во ЕУ, заслужуваат да живеат во Северна Македонија како членка на ЕУ, а не во туѓи држави, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски и најави дека пасошите кои биле извадени само поради работа во странство ќе бидат вратени во земјите од коишто се земени.
„Дента кога ќе станеме членка на ЕУ, сите заедно ќе ги собереме сите пасоши кои нашите граѓани ги зеле со цел да работат и живеат во ЕУ и ќе им ги вратиме на земјите од коишто се земени, со оглед на тоа дека веќе нема да им бидат потребни, со цел остварување на нивните економски интереси“, рече премиерот одговарајќи на новинарски прашања.
Денешната седница за уставните измени заврши без гласање.