Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

kovacevski-k-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Сарај.


Според него, изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Граѓаните треба да сфатат дека одлучуваме за иднината на државата и затоа треба да излезат и да гласаат, рече Ковачевски.

„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со сценарија кои сме ги гледале во минатото во нашата држава. Тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Тоа е сигурен пат кон изолација наредната декада или не дај Боже за цела една генерација. И овие тензии што сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Како што гледаме, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.“

Ковачевски истакна дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина никогаш нема да се откажат од членството во ЕУ затоа што само така како држава ќе успееме да изградиме подобро образование, поквалитетно здравство, поефикасно владеење на правото, поцврста борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK