Ковачевски го најави пакетот антикризни мерки до крајот на неделава, Тренчевска за во вторник

Ковачевски-го-најави-пакетот-антикризни-мерки-до-крајот-на-неделава.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера премиерот Димитар Ковачевски по посетата на компанијата „Вабтек МЗТ АД Скопје“, одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште го нема новиот пакет на мерки за помош на граѓаните, рече дека неделата се уште не е завршена.


Денеска, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска најави дека во вторник на седница на Влада ќе биде на ред пакетот за антикризни мерки.

Како што кажа министерката со пакетот се опфатени голем број на граѓани и приваниот сектор и додаде дека во вторник ќе има информација за тоа што се содржи новиот пакет на антикризни мерки.

Претходно и Тренчевска кажа дека очекува до крајот на оваа недела да бидат донесени новите мерки за помош од страна на Владата.

Со новите мерки, извесно е дека граѓаните што ќе бидат опфатени ќе добиваат месечна поддршка, а колку време ќе ја добиваат, ќе прецизира одлуката на Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK