Ковачевски – Гир: Следниот чекор кон европската цел е важен за квалитетот на живот на македонските граѓани и за стабилноста во Европа

Ковачевски-–-Гир-Следниот-чекор-кон-европската-цел-е-важен.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, имаше средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.



На состанокот е реафирмирана силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија.

Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани, известуваат од Владата.

Исто така, исчекорот се очекува во европската заедница, како прашање од важност за стабилноста на европскиот континент.

На средбата е заеднички оценето дека сите политички субјекти во земјава и сите институции е неопходно да се фокусираат на одлуки што ја доближуваат Северна Македонија кон европската цел, се додава во соопштението на Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK