Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Њујорк одржа значаен состанок со извршната оперативна директорка на Светска банка, Ана Бјерде. На средбата, присуствуваа и Нина Фити Неделковска, советник на Извршниот директор на нашата конституенца при Светска банка во придружба на премиерот, како и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани.
На средбата е поздравено 30-годишното партнерство на Северна Македонија со Групацијата Светска банка, преточено во финансиска и техничка поддршка која неминовно има огромен придонес во значајни сегменти на нашето оптштество и економија.
Беше разговарано за реализацијата на тековното портфолио на проекти и техничка помош во износ од околу 400 милиони УСД.
Посебно внимание беше посветено на разговорите за изработкатата на новата Рамка за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка во насока на значително зголемување на финансиската поддршка за нашата држава, речиси двојно повисока од досегашната.
Идната соработка претставува континуитет на досегашните структурни реформи и значајни инвестиции во областа на инфраструктурата, човечкиот капитал, животната средина, енергетиката, конкуретноста и деловното опкружување. Сето ова, како што е заеднички оценето на средбата, претставува потврда на поддршката која доаѓа од сериозен партнер и испраќа силна порака до меѓународните партнери и инвеститори.
Во претстојниот период, се очекува и директна буџетска поддршка од Светска банка за имплементација на значајни реформи, чиј краен резултат ќе биде создавање отпорна и зелена економија, преку одржлив и инклузивен раст.
Директорката Бјерде изрази задоволство од силното долгогодишно патнерство со нашата земја, како и развојните резултати постигнати во годините на соработка. Оценувајќи го состанокот како искчучително корисен, Бјерде и Басани ја афирмираа континуираната поддршка на нашата земја.