Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.
На состанокот беа разгледани претстојните активности кои ги очекуваат двете земји, во насока на зацврстување на партнерството и реализирање на заедничките приоритети, со акцент на неколку конкретни области.
Ковачевски и Агелер потенцираа дека стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД е во фаза на унапредување, преку зајакнување на соработката во рамки на Стратешкиот дијалог и дека оваа динамика е поврзана со прогресивните политички определби на државата.
Во тој контекст, реафирмирана е силната поддршка од САД во процесот што треба да овозможи севкупен напредок на земјата, а посебно на планот на евроинтеграциите, за што заеднички беше оценето дека е неопходно да се одржи европскиот правец и дека претстојниот чекор во Собранието на Република Северна Македонија е од клучна важност за тоа.
Споделен е ставот дека проевропските политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста во овој момент, за да се осигура европската иднина на македонските граѓани.