Ковачев: Македонија нема за што да се жали, ја известив и Фон дер Лајен за случајот со Ива Михајлова


iva-m-screenshot-2026-10-13-121142.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев смета дека Македонија нема основа да се жали пред европските институции поради заминувањето на Ива Михајлова во Бугарија, и покрај судската забрана за напуштање на земјава.Тој тврди дека Бугарија не направила ништо спорно и дека случајот има исклучиво хуманитарен карактер.


Во гостување во емисијата „Повеќе од денот“ на БНТ, Ковачев изјави дека прашањето за Михајлова веќе го отворил пред претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„На состанокот што штотуку започнува во ЕПП во Италија, ја информирав и претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, за ситуацијата. Верувам дека Македонија нема за што да се жали на Бугарија. Што точно направила Бугарија што е проблематично? Апсолутно ништо. Секако, го покренавме хуманитарниот проблем со Ива Михајлова на сите нивоа“, рече Ковачев.

Неговата реакција доаѓа по најавата на македонското Министерство за надворешни работи дека случајот ќе го изнесе пред Европската Унија и Советот на Европа.

За македонските власти, спорно е тоа што Михајлова ја напушти земјата и покрај одземените пасоши. Министерството смета дека улогата на бугарските институции во случајот негативно влијае врз меѓусебната доверба и ги доведува во прашање заложбите за добрососедство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK