Костадиновски- Дрекслер: Германија преку проекти ја продолжува соработката со Уставниот суд

Кацарска-бара-поддршка-од-сите-политички-чинители-за-воведување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијата Татјана Васиќ-Бозаџиева остварија работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Петра Дрекслер.


На средбата беше изразено взаемно задоволство од досегашната соработка со германската амбасада, преку проектите со кои се промовира унапредување на слободите и правата на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото.

Костадиновски најави дека ќе се залага за воведување на уставна тужба во Република Северна Македонија, како еден од приоритетите во неговиот мандат и искажа благодарност до амбасадорката Дрекслер за поддршката и активностите со кои во изинатиот период се промовираше потребата од воведување на инструментот уставна тужба.

Во насока на продлабочување на соработката со СР Германија, Костадиновски упати писмо и отворена покана за посета на Судот до претседателот на Федералниот уставен суд, Штефан Харбарт.

Амбасадорката Дрекслер нагласи дека е задоволна од досегашните заеднички активности и најави поддршка за идна соработка со германски организации и експерти од областа на уставното право.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK