Измамамата со т.н „новогодишна кошничка“ е во веќе покачените цени на производите на храна и пијалоци кои граѓаните ги сведочат во маркетите во изминатиот период, оценуваат од СДСМ.
„Власта на Мицкоски им остави време и трговците ги покачија цените. Тоа освеш што го знаат граѓаните го потврдуваат и официјалните податоци на Државнот заводот за статистика.
Инфлацијата во месец ноември е зголемена и изнесува 4,3% а зголемувањето е најмногу како резултат на зголемувањето на трошоците на животот за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %.
Значи јасно е како ден дека Мицкоски направи дил со трговците дозволувајќи им да се богатат на грбот на граѓаните“, додаваат од оваа партија.
Очигледно е. велат од таму, дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците.