Коридорот 8 се докажа како еден од најважните проекти на ДУИ, велат од партијата

db60cb35-efb3-4efd-ae02-bb63ea3a64b7.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет, велат од оваа партија.


Ова, според нив, само го потврдува нивниот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура.

„Не можеме да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротивставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување, денес го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за подобрување на нејзините врски со регионот и Европа.

Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните, и секојдневните резултати ги убедуваат тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка.

Наспроти критиките, бараме овој важен проект успешно да се реализира“, велат во ДУИ.

Апелираат за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојќане, оценувајќи го како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8.

ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања.

Овој проект, оценуваат, го носи печатот на ДУИ, го носи печатот на нивната посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK