Конференцијата на ОБСЕ ќе не’ чини далеку помалку од 5 милиони евра, работиме домаќински, уверува Османи

1693204053_osmani.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Постапуваме најдомаќински и во согласност со меѓународните стандарди кога е во прашање организацијата на конференцијата на ОБСЕ во Скопје, уверува министерот за надворешни работи Бујар Османи.



Бидејќи е најголемата операција, како што вели, трошоците се дефинирани однапред.

И затоа при утврдување на буџетот имавме отприлика идеја колку ќе бидат трошоците.

Според искуствата на другите држави, како што објасни Османи се претпоставува дека самата конференција ќе чини околу 5 милиони евра.

„Ние сме далеку под тие средства“, потенцира Османи.

Во однос на возилата, појасни дека сите стандарди на ОБСЕ се утврдени во водичот.

„Дури и тип на возила, марка на возила, простор, број и слично. Договорот што го постигнавме со рент-а-кар агенцијата е рамковен договор, како резервен план. Во договорот е утврдена цена по возило и по ден. И во него јасно стои дека МНР нема обврска да ги користи сите возила, туку толку колку што ќе има потреба. Откако ќе ги исцрпиме сите домашни институционални капацитети, министерски возила, возила на СЗРО, возила од други институции, комбиња, автобуси, се што ќе можеме да најдеме, тогаш остатокот што нема да може да го озбезбедиме, ние веќе имаме од каде да обезбедиме возила. Јавен тендер беше спроведен. Сите рент-а-кар агенции беа информирани, но за жал имаше една понуда“, истакна Османи.

Во однос на прашањето колку од трошоците за организација на настанот отпаѓаат на Македонија, Османи додаде дека главно трошоците се на државата.

„Ги разбирам реакциите затоа што ние не сме навикнати на настан од вакви димензии, ова е веќе друга лига за државата. Но и настанот од такви димензии се разбира дека има одредени трошоци“, кажа Османи.

Во подготовка на самитот, како што соопшти учествуваат над 200 луѓе од МНР, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ, а се очекуваат околу 1.000 членови на делегациите. Ќе биде обезбеден и чартер лет од Брисел за Скопје, а некои делегации ќе дојдат со свои авиони.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK