Комплетно реновирана невролошката амбуланта на Детска клиника, обезбеден и нов апарат- ехосонограф

det3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На Клиниката за детски болести комплетно е реновирана невролошката амбуланта. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на оваа клиника.


– Обновата на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат. Приоритет на Министерството за здравство е континуирано унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура. За таа цел, во изминатиот период е обезбеден нов апарат – ехосонограф, односно ултразвучен премиум колор доплер апарат, кој  овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика, потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.

Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е единствен центар за специфична дијагностика и третман на пациенти со невролошки заболувања од новороденчиња до адолесценти.

-Обновени се три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинета, каде месечно се прегледуваат во просек по илјада пациенти, информираше д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за Детски болести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK