Комората која ја одржува Мадона млада во Клиника Жан Митрев

zan_mirev_komora
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Третманот со 100% кислород во хипербарна комора не е веќе привилегија само за познатите, туку е сосема возможно за секого да си го дозволи овој револуционерен начин на терапија. Хипербарната комора во Клиника Жан Митрев е достапна за секого и во секое време може да резервирате еден час што ќе ви овозможи разубавување, затегнување на кожата и ќе ве снабди со енергија.







Мадона, Новак Ѓоковиќ имаат нивни лични хипербарни комори и уживаат во поволностите што ги дава овој третман, а дава многу. Ова е природен метод којшто влијае за подобрување на физичките и когнитивните перформанси и се поврзува со повеќе болести и здравствени состојби.

При третманот во хипербарната комора се вдишува 100% кислород при зголемен атмосферски притисок и на тој начин природно се забрзува времето на закрепнување и обновување на организмот.

„На сите ткива им треба идеално снабдување со кислород за правилно функционирање. Ако во нормални услови, клетките апсорбираат само 25% кислород, во хипербарната комора, притисокот го принудува кислородот во белите дробови, крвотокот и клетките и се зголемуваат стапките на апсорпција во клетките. Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да се обнови и регенерира, така што хипербарната кислородна терапија ќе го зголеми количеството кислород што го носи крвта за да ги врати потребните нивоа на гасови во крвта и да ја обнови функцијата на ткивата“, вели вели д-р Александра Лазаревска од Клиника Жан Митрев

Влијание на подобрување на спортските перформанси, на когнитивните функции, намалување на динамиката на стареење и стимулирање на долговечноста, за енергија, виталност и релаксација.

А во медицински цели се препорачува при повеќе здравствени состојби и болести, за зацелување и регенерација на организмот во постоперативно заздравување, но исто така и при состојби како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, во пластичната хирургија, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, антиејџинг, канцер, итн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK