Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Ем нема лекови за онколошките болни, ем се молчи за случајот Онкологија

Комисија-за-здравство-на-ВМРО-ДПМНЕ-Ем-нема-лекови-за-онколошките.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ континуирано пристигнуваат поплаки. Пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои имаат потреба од истата, информираат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.


„Ги охрабруваме сите кои се соочиле со проблем да продолжат да ги доставуваат до Комисијата на следниот маил: [email protected]
Истите ќе бидат разгледани во доверлива постапка. Со пријавување на неправилностите целта е да се работи на надминување на истите, бидејќи се соочуваме со целосно растурен здравствен систем“, велат од оваа комисија.

Во меѓувреме, како што додаваат, од Министерот за здравство очекуваат информација кои се корективните мерки што ќе ги преземе раководството на Клиниката на онкологија за ваквите немили настани да не се повторуваат.

„До кога ќе се разгледува КАТО системот и дали има одлука за негово активирање. Дали единствено ќе се најде оправдание во решението дека вработените на Клиниката заеднички „ќе одлучувале” за терапијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK