Во Албанскиот театар во Скопје денеска се одржа комеморација за новинарот Крешник Ајдини.
Последен поздрав на комеморацијата упатија колеги, соработници и познаници кои ги раскажа своите спомени и искуства со починатиот Крешник, помеѓу кои беа Џабир Дерала и Петрит Сарачини.
Ајдини, долгогодишен новинар и граѓански активист почина на 16 јуни на 55-годишна возраст. Тој беше основач и на Лајф Радио во 2002 година и еден од основачите на Цивил – Центарот за слобода и Цивил Медиа.
Во својата богата кариера, Ајдини, исто така, работеше на преводи на голем број важни дела од албански на македонски јазик и обратно, со што даде огромен придонес кон запознавање на двете култури.