Кога можеше во САД да победи кандидат со црна боја на кожата, зошто да не може Албанец во Македонија, рече Таравари

Кога-можеше-во-САД-да-победи-кандидат-со-црна-боја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за претседател на албанската опозиција, Арбен Таравари, при неговото објавување на кандидатурата со поддршка на албанската опозиција направи паралела со победата на Барак Обама на изборите во САД пред 15 години, коментирајќи дека е дојдено време за претседател Албанец.


Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека лидерот на БЕСА, Биљал Касами бил корекрен и му понудил да избере што сака за заеднички настап на изборите, а по анализата заклучиле дека сигурно ќе одат во вториот круг на претседателските избори, додека за она што ќе се случува понатаму се надеваат на позитивен исход.

„Во Америка се случи пред 15 години да победи човек со црна боја на кожата. Зошто да не може и во Македонија по 30 години демократија да добиеме поддршка од Албанците, Македонците, Ромите, Бошњаците… Сигурен сум дека ќе добиеме гласови колку што не очекуваме“, уверен е Таравари.

Таравари се најде во судир со поранешниот партиски лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, кој спротивно на него смета дека партијата треба да оди сама изборите. Во таа насока, Таравари рече дека е легитимно право на Села да бара разрешувње.

На објавувањето на кандидатурата на градскиот плоштад во Гостивар, присуствуваа лидерите на трите партии од албанскиот опозициски блок – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK