Кога има мнозинство со 78 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

izet-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предвремени парламентарни избори заедно со локалните следната година за министерот за животна средина Изет Меџити се само трошок и губење време оти владата е стабилна. На предвремени избори минатата недела, на седница за пратенички прашања, лидерот на СДСМ Венко Филипче го предизвика премиерот Христијан Мицкоски кој, пак, прифати и од говорница во Собранието предложи тие да се одржат веќе следната година, заедно со редовните локални избори.


„Од деведесеттите досега немало постабилна Влада и немало поголемо мнозинство од ова, 78 и тоа расте, сигурно за кратко време ќе надмине и 80, а тоа е две третини од Собранието. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници е непотребно да се размислува за предвремени изброи бидејќи тоа е само трошок за државата и е губење време. Секое прогласување на избори значи шест месеци пред и по изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања и тоа многу влијае на економијата и на бизнисот. Со нови избори нема да бидат среќни тие што сакаат да работат, а тоа е бизнисот во оваа држава“, рече министерот Меџити денес по посетата на депонијата „Дрисла“.

Премиерот Мицкоски мината недела на седницата за пратенички прашања одговарајќи му на Филипче кој побара избори,  рече „Ако сакате да одиме на избори, да се провериме, заедно со локалните може да одиме. Сега веднаш да ја договориме работата, но да не се удавите во длабокото“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK