­

Клубови во Македонија имале лиценца, но не исполнувале технички услови, други работеле на диво – ќе им бидат изречени забрани за работа


miteva-diskoteka-izgorena-so-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извршени се 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, пришто во делот на прекршочна санкција, решенија за привремена забрана им се изречени на 10 фирми – кафулиња и клубови, истакна портпаролката на Владата, Марија Митева.


Утврдено е дека 15 угостителски објекти од вкупно 23 коишто имаат активна лиценца не ги исполнуваат минимално технички услови. Кај нив ќе бидат изречени две мерки, прво решение за забрана за вршење на дејност, и второ предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата.

Кај шест правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а утврдено е дека во изминатиот период работеле, издадени се решенија за забрана за вршење на дејност.

Во однос на идните чекори, во координација со МВР, Државниот пазарен инспекторат почнува со инспекциски надзори во објектите за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови.

„За жал бројките зборуваат сами за себе, но ја потврдуваат потребата од решително и одговорјно дејствување. Посветени сме на транспарентност и секоја неправилност да се санкционира. Наша цел е да создадеме систем кој ќе им служи на граѓаните“, рече Митева.

Инспекциите се случуваат по пожарот во дискотеката во Кочани во којшто загинаа 59 лица, а која имала фалсификувана лиценца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK