Кисела Вода ќе постави мерна станица за квалитет на воздухот во близина на “Цементарница”

Кисела-Вода-ќе-постави-мерна-станица-за-квалитет-на-воздухот.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздухот која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката Цементарница.


„Денес на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан оглас за јавна набавка, со што наскоро граѓаните ќе имаат увид во квалитетот на амбиенталниот воздух. Ова претставува реализација на уште едно ветување од програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кое се реализира по прифаќање на предлогот на советниците од Советот на Општина Кисела Вода. Она што преостанува е потребата од неселективен ангажман на градот Скопје и на централната власт преку своите ресорни Министерства, бидејќи здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, велат од општина Кисела Вода.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека се реализира уште едно големо ветување кое го дал пред граѓаните и е запишано во неговата програма.

„Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, па контролата на квалитет на воздухот, посебно во близина на идустриски капацитет, е неопходност во борбата против загадувањето. По предлог на советниците од Советот на Општина Кисела Вода ја набавуваме мерната станица која ќе биде поставена во непосредна близина на фабриката “Цементарница Усје”, но она што сега не смее да изостане е ангажманот на Градот Скоје и централната власт која има ингеренции во оваа област. Се надевам дека тие ќе ја вршат својата работа и дека инспекциите, кои за тоа се овластени, во наредниот период ќе има неселективна контрола на индустриските капацитети. Борбата за здрава животна средина, борбата со загадувачите, мора да биде бескомпромисна-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK