Кинез кој работел на автопатот Кичево-Охрид оштетил кабел на „ЕВН“, Дебрца во мрак

Кинез-кој-работел-на-автопатот-Кичево-Охрид-оштетил-кабел-на-„ЕВН.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Кина поради „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“, како и против А.Н.(62) од Охрид поради „несовесно работење во службата“.


„Двајцата, вработени во градежна фирма, со неизвршување на своите службени должности за известување на поставена подземна инсталација на автопат во изградба, предизвикале оштетување на електрични кабли сопственост на ЕВН Македонија по што, настанал прекин на снабдувањето на електрична енергија на повеќе правни и физички лица во општина Дебрца“, информираа од МВР.

Предизвиканата материјална штета изнесува околу 502.000 денари, информираат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK