Кина ги укина визите за македонските граѓани

За-Кина-смртта-на-Навални-е-внатрешна-работа-на-Русија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина објави дека ќе го прошири безвизниот влез во уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да го поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.


Почнувајќи од 30 ноември, патниците од Mакедонија, Бугарија, Романија, Малта, Хрватска, Црна Гора, Естонија, Латвија и Јапонија ќе можат да влезат во Кина до 30 дена без виза, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лин Џијан, јавува „АП“.

Со тоа, бројот на земји на кои им е одобрен безвизен пристап од минатата година ќе се искачи на 38.

Се чини дека додавањето на Јапонија ја одразува недамнешната подготвеност на Кина да ги подобри врските, кои делумно се влошија поради пожестоките разговори од Токио за тајванското прашање. Двете земји постигнаа договор во септември во нивниот спор околу испуштањето во морето на пречистената, но сепак радиоактивна вода од уништената нуклеарна централа Фукушима.

 

За трите месеци од јули до септември оваа година, Кина забележала 8,2 милиони влезови од странци, од кои 4,9 милиони биле без визи, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа, цитирајќи конзуларен претставник на Министерството за надворешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK