Казни за брзо возење, користење мобилен, неисправни возила…

policija-soo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (01.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.


Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK