Денеска, во просториите на Општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, го пречека амбасадорот на Европската Унија, Михаилис Рокас, во рамки на неговите посети на општините во Северна Македонија. Оваа средба е дел од серија ангажмани кои имаат за цел да ги доближат граѓаните и локалните институции со процесот на пристапување во Европската Унија, информираат од општината.
Европската Унија, како што е нагласено во соопштението, секогаш го потврдувала своето ангажирање за развојот на нашите општини преку конкретни иницијативи кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животот, промовирање на одржливиот развој и зајакнување на демократските стандарди.
Градоначалникот на Општина Тетово го изрази своето посветување да даде активен придонес во овој процес, носејќи идеи и иницијативи кои имаат директно и позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните на Тетово.
„Општина Тетово му заблагодари на амбасадорот Рокас за посетата и неговата континуирана поддршка во изградбата на мостови на соработка помеѓу Европската Унија и локалните заедници. Во овој дух на соработка и заедничка визија, Тетово чекори кон посветла европска иднина како дел од европското семејство“.