Касами: Османи сака да ја злоупотреби функцијата во ОБСЕ за влијание врз бројот на изборните набљудувачи

Касами-Османи-сака-да-ја-злоупотреби-функцијата-во-ОБСЕ-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателите на Алтернатива, Беса и Демократско движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити по одржаната кафе средба во Старата Скопска Чаршија со порака за изборниот процес.


Според нив, владината коалиција по прашањето на изборите се однесува како разгалено дете, и мислат, како што велат, дека ако топката е во нивни раце можат да условуваат.

„Власта е делегитимирана. Колку побрзо се отрезнат толку подобро за државата. Секое понатамошно инаетење ќе создаде потенцијал за уставна криза која на среден рок ќе предизвика многу штетни последици. ДУИ и СДСМ мора да сфатат дека не се повеќе во позиција да диктираат што ќе се случува“, порача Касами по средбата.

Додаде дека до нив како партии пристигнуваат и информации за злоупотреба на позицијата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ.

„До нас стигнуваат информации дека Бујар Османи се обидува претседателствувањето со ОБСЕ да го злоупоптреби за влијание за одлуката врз бројот на изборните набљудувачи на изборниот процес. Јасно поарчуваме дека точно знаеме на што се подготвени за да се обидат да го заштитат нелегално стекнатото богатство“, истакна Касами.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK