Каевски: Обезбедувачот на Мицкоски го натепал полицаецот во обид да спречи полициска акција за дрога

Каевски-Обезбедувачот-на-Мицкоски-го-натепал-полицаецот-во-обид-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ноќеска, пред кафе барот Мош во Скопје, шефот на обезбедувањето на Мицкоски, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец, изјави Дарко Каевски од СДСМ на прес-конференција.



Тој тврди дека иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога.

„Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. Станува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането. ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно“, рече Каевски.

Како што додаде скандалот мора да биде целосно расчистен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK