Каевски: ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен начин, СДСМ бара ослободување на новинарот Фуркан Салиу

FotoJet-66.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу. СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш. На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ, рече на вечерашната прес конференција портапролот на СДСМ, Дарко Каевски.



Тој рече дека на чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски, па оттука смета дека началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.

– Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор, загарантирана со Устав. Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работата за јавниот интерес, рече Каевски и додаде дека за 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.

Според Каевски, „ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила“. Ова значи дека нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата режимска партија, додаде тој и побара новинарот веднаш да биде ослободен.

– Заедно со граѓаните ќе направиме сѐ што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму а полициската бруталност да биде спречена, рече Каевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK