Каевски: Часовник од 8.000 евра, хибридни бричеви и кумски врски во локалната власт на ДПМНЕ

Каевски-Часовник-од-8000-евра-хибридни-бричеви-и-кумски-врски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Освен тоа што ништо не работат и за 2 години резултатите им се нула, локалната власт на ДПМНЕ ја тресат серија скандали, објави на прес-конференција, Дарко Каевски – портпарол и пратеник од СДСМ.


Каевски вели дека Општина Штип на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска во јавните набавки,  а се однесува на договор јавна набавка на ЈП Исар Штип, вреден 20.000 евра.

„Фирмата која го има добиено тендерот е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга. Е сега, зет за ќерка на ова семејството Глигорови е кумашинот на градоначалникот на Штип од ДПМНЕ Методи Јорданов. Освен што е кумашин на градоначалникот од ДПМНЕ, Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на истото претпријатие кое го доделува тендерот, ЈП Исар од Штип. Кумашинот на градоначалникот член на Управниот одбор на јавното претпријатија а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот“, рече Каевски.

Во Зрновци, пак, тврди партискиот портпарол, под капата на ДПМНЕ се случуваат скандалозно, бизарно и нелогично трошење на народните пари.

„Директорка назначена од ДПМНЕ преку сметка на основното училиште во Зрновци купила, внимавајте, гејмерска столица од 9.999 денари, хибриден брич од 6.374 денари и смути блендер“, рече Каевски.

За градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски рече дека тој на објавени фотографии носи многу скап часовник, што чини 8.000 евра. Од каде му се 8.000 евра на Ѓорѓиевски за толку луксузен саат?, праша Каевски.

Тој заклучи дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, а како што владееле 11 години сега така се однесуваат во 40 општини како локална власт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK