„Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи“, велат НСДП

mickoski-gruevski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Мандатарот Мицкоски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги пратат многу скандали. Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим“ и „заробената држава“ која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење“, велат од НСДП.


„Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи, матрицата од претходното нивно владеење останува иста.

Во град Скопје и во општините три години го гледаме нивниот начин на спроведување на „реформи“ и нови проекти, хаос, безредие, прсти во медот, блокирани и нефункционални локални институции, партиски вработувања и скандали.

Првите потези и чекори го најавуваат моделот на владеење, особено ако ги гледаме потезите на претседателката на државата која уште во првите недели од мандатот го крши Уставот, ги влошува односите со соседите и на нeдостоинствен начин ја претставува државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да ретерира и отстапува од изборните ветувања со кои ги изманипулираа гласачите, тоа се гледа и по првите потези на нивното делување: не го намалија бројот на министерствата, го прифатија Преспанскиот договор наместо да го ревидираат како што веруваа во предизоборната кампања и нема да го вратат претходното уставно име, не предлагаат ревидирање на Охридскиот договор и договорот со Бугарија, вонинституционално договараат задолжување од една милијарда евра, ги влошуваат односите со соседите“, се наведува во соопштението на НСДП и додаваат дека нема да дадат поддршка за ваков состав и програма на Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK