Каде и да патувам се среќавам само со претседателот и премиерот, рече Фон дер Лајен прашана зошто Мицкоски не е на агендата

Каде-и-да-патувам-се-среќавам-само-со-претседателот-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Каде и да сум обично се среќавам со шефот на државата и на Владата. Вака претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во Скопје одговори на прашањето зошто нејзината агенда не вклучува средба со опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски со оглед на тоа што тој е клучен играч кога станува збор за уставните измени за почеток на преговорите со ЕУ.


„Ова е случај со моето патување во Западен Балкан, но тоа е случај со сите мои други посети и патувања кога посетувам земји членки постои правило дека се среќавам со шефот на државата или со премиерот на државата“, рече претседателката на Европската комисија.

Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен очекува таа да излезе со позиција нашата држава да добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ.

„Очекувам претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ, иако сум свесен за многу недостатоци кои што ги имаме на домашен план, поради неработењето на корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ. Ценам дека на тој начин ќе се одаде признание и на државата и на граѓаните за сето она кое што го направија изминативе 23 години, од првиот ден кога беше потпишан Договорот за стабилизација и асоцијација, и ќе се одаде признание и почит кон сите понижувања и омаловажувања, кои што мораше граѓаните да ги издегистираат, од промената на националното знаме па се до насилната промена на уставот и уставното име“ рече Мицкоски.

Фон дер Лајен на денешната прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски повтори дека уставните измени за внесување на бугарите во Уставот се неопходен чекор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK