Кацарска: Со одлуката за дополнување на платите во Министерството за финансии е нарушено владеењето на правото

Кацарска-Со-одлуката-за-дополнување-на-платите-во-Министерството-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во Министерството за финансии излегоа на протест пред зградата на Уставниот суд,  по одлуката со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 отсто на вработените во Министерството и во другите органи на управата, кои се опфатени со автентичното толкување.


Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, побара од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, да им одговори како тоа во најбрз можен рок се зема иницијативата поведена од граѓанинот против членот 66 став 3 од Законот за буџети со која се донесе времена мерка и за којашто на вработените од Министерството за финансии и на сите органи нема веќе да им се исплаќа дополнувањето на плата од 30 отсто.

Кацарска да објасни и како сите иницијативи за нивните плати се одбиваат, а таа за платите на вработените во Министерството за финансии веднаш е усвоена, беше порачано на протестот.

Прашуваат дали вработените ќе ги враќаат парите што ги земаа до сега, но и на кој начин вработените во уставниот суд земаат плата – дали имаат закон, колективен договор или по некој друг подзаконски акт се зема плата.

„До кога во нашата држава ’кадија те тужи, кадија те суди’ системот ќе функционира“, додаде Деаноски.

Претседателката Кацарска, вели дека Уставниот суд секогаш ги носи одлуките за секој предмет во насока на тоа дали дали колективните договори и другите пониски акти се во согласност со Уставот и законите.

Во конкретниот предмет, вели Кацарска, нарушено е владеењето на правото со категоријата на вработени кои добија не додатоци туку дополнување на плати.

„Вработените немаат утврдено такво право ниту во зкаон, ниту во колективен договор. Член 9 од Уставот вели дека граѓаните се еднакви. Тука е опфатена само една група на вработени“, рече Кацарска.

На прашањето зошто толку брзо израгирале во овој случај, Кацарска рече дека времетрањето на постапката е значително намалена, но и не можат да стават знак за равенство за секој еден предмет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK