Јавните институции злоупотребиле европски пари во рамките на просекот, Битиќи уверува дека нема ништо спектакуларно

Јавните-институции-злоупотребиле-европски-пари-во-рамките-на-просекот-Битиќи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јавните институции кои злоупотребиле европски пари добиеnи преку разни фондови, проекти и програми, злоупотребувале во рамки на просекот во ЕУ, вели вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи. Тој не ги откри имињата на јавните институции поради предистражните постапки, но најави дека ќе ги соопшти кога ќе имаат исход од постапките.

„Тоа што е увидено како евентуална злоупотреба, е во рамките на просекот што се увидува во секоја земја членка на Европска Унија дури и во земјиште потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Ништо спектакуларно, морам да признам, тоа е 5 отсто од средствата што се користат. Сè уште нема исход од ниту една од постапките во однос на конечниот исход во однос на тоа дали ќе треба да се вратат средства. Во Европската Унија постои еден механизам, ако се увиди дека има неискористеност или искористеност на средства што не е ниво на планирани и признати трошоци тие во суштина или се намалуваат од други програми или се бараат од крајниот корисник. Во овој случај тоа се јавни институции, веројатно штом добиеме одлука за која било од нив ќе им се намали од редовните програми и секако ќе се бара лична одговорност од луѓето кои што ги воделе институциите во тој одреден временски период“, рече вицепремиерот Битиќи по панелот „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“ кој е дел од кампањата на Владата која треба да не доближи до Европската Унија.

На почетокот на минатата година почна судењето на Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност осомничена за злоупотреба на 320.000 евра европски пари, а обвинет за злоупотреба на европски пари уште во 2021 година е поранешен државен секретар во Министерството за информатичко општество, Јахи Јахја. Осомничена за злоупотреба на европски пари е и поранешна сметководителка во ФФМ за проневера на над еден милион евра, но за некаков вид злоупотреби медиумите изминативе години јавуваа речиси во секоја институција која имала пристап до европски пари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK