Јавна расправа за Нацрт-законот за висока раководна служба

mioa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) денеска во просториите на Државната изборна комисија организира јавна презентација и расправа за Нацрт-законот за висока раководна служба, на која воведно обраќање ќе има министерот Азир Алиу.

Во текстот за новиот закон е наведено дека високата раководна служба ги опфаќа највисоките раководни места во институциите на јавниот сектор, кои се директно одговорни пред политички избраните и именувани лица и се врска помеѓу политичката и административната структура во институцијата.


Со овој закон се уредува високата раководна служба, вклучително и начелата на високата раководна служба, Комисијата за висока раководна служба, постапката за избор и пополнување на високите раководни места, правата и обврските на високите раководители, управувањето со учинокот на високите раководители, одговорноста, стручното усовршување, разрешувањето и престанот на мандатот итн.

-Цел на законот е воспоставување на висока раководна служба, заснована на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, правејќи јасна разлика меѓу политички избраните и именувани лица и администрацијата, е наведено во предложениот текст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK